Бесплатно ќе се одигра претставата „Госпоѓица Јулија“ во среда

Во рамки на манифестацијата „Бели ноќи“, која ќе се одржи на 07.09 (среда), во 20 часот во Драмскиот театар ќе се одигра претставата „Госпоѓица Јулија“ на Театар Фабрика.

Билетите за претставата се бесплатни.

Претставата говори за борбата за успех во животот, за тоа дека не секогаш околностите во кои сме родени се прангии од кои не можеме да се ослободиме, говори за желбата за подобро место под сонцето.

Улогите ги толкуваат: Госпоѓица Јулија-Миа Кантарџиева, Жан-Теоман Максут, Кристина-Емине Халил. Кореографија; Ирена Лозинска; костимографија:Драгана Таневска; дизајн и фотографија: Деана Андоновска.