Бесплатна проекција на филмот „Сестри близначки“ во ЕУ Инфоцентар

Бесплатна проекција на филмот „Сестри близначки“ од 2002 година ќе се одржи утре (24 јануари )во ЕУ Инфоцентар.

„Сестри близначки“ е холандски филм во режија на Бен Сомбогарт. Филмот е номиниран за Оскар кој ја толкува врската помеѓу сестри близначки кои растат одвоено во текот на Втората светска војна. Моќен и провокативен филм кој прекрасно го отсликува нивниот пат и повторно обединува.

Проекцијата почнува во 19 часот, а влезот е слободен.