Бесплатна проекција на документарни филмови посветени на човековите права во кино „Култура“

Вечерва во кино „Култура“ ќе бидат прикажани два од трите филма кои оваа година го чинат репертоарот на фестивалот што ги слави човековите права, Movies that Matter.

Станува збор за филмските наслови Who’s Gonna Love Me Now (Израел/Велика Британија) и What Tomorrow Brings (Авганистан/САД).

Инаку, покрај овие два, во програмата на годинашниот фестивал, кој во текот на пет денови ќе пропатува низ четири градови во Македонија, селектиран е и филмот Tickling Giants.

Со почеток од 19:00 часот ќе се одржат двете отворени филмски проекции, а меѓу нив ќе има дискусија посветена на темите кои ги обработуваат – пристапот до образование, детските права, еднаквоста, ЛГБТ правата и здравјето. На дискусијата ќе зборуваат: Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, Јована Ананиевска, програмска раководителка во Х.Е.Р.А. и Неда Чаловска, правен советник во Хелсиншки комитет за човекови права.

Програмата на настанот е отворена за сите посетители, влезот на проекциите е бесплатен, а филмовите ќе бидат со превод на англиски јазик. Фестивалот е во организација на Младински образовен форум и Амбасадата на Кралството Холандија.