Берово, град на културата за 2017 година

Општина Берово ќе биде престолнина на културата во 2017 година.

“Во согласност со понудената апликација, програмата на Општина Берово содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности и се карактеризира со широка жанровска разновидност и стилски карактеристики. Во рамките на програмата е предвидено учество на млади и реномирани уметници, гостувања од странство, продукции на погранични градови и установи со што ќе се обезбеди рамномерен културен развој, а ќе го поттикне и меѓународниот културен развој на оваа општина. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на Општината, односно општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти”, велат од Министерството за култура.

Во програмата се предвидени музички концерти од сите жанрови, литературни читања и промоции, ликовни изложби на реномирани уметници, програма со популарна и традиционална музика, театарски продукции со учество на реномирани и млади актери, како и национални и независни театарски групи. Во неа ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.

Минатата година, македонски град на културата беше Дојран.