Beatrix Crew се врати со награди од светското првенство во модерни танци

Членовите од танцовото студио Beatrix Crew од Македонија во периодот од 22-28 мај во Пореч, Хрватска, учествуваа на светското првенство во модерни танци (ESDU – Dance Star Competition) по трет пат, откако за учеството собираа средства преку кампања за финансирање лансирана на „краудфандинг“ платформата Generosity. Оттаму се вратија со три награди.

Dance Star – Global Dance Competitions има натпреварувачки карактер, а имаат учество повеќе од 55 земји и  50.000 танчери.

Оттаму, иако во огромна конкуренција тие ги освоија највисоките пласмани досега забележани во Македонија. Beatrix Crew во Пореч се претставија со три хип хоп точки, односно со својата возрасна група, формација и јуниорска формација, од кои сите успеа да се пласираат во финалето на ова првенство.

Возрасната формација (Evoke) освои 2-ро место, формација во А-лига, категорија Urban Dance Styles, во конкуренција од над 47 формации.

Возрасната група (Colors) освои 5-то место група во А-лига, категорија Urban Dance Styles, во конкуренција од над 40 групи, a воедно оваа точка освои и специјална награда доделена од самата федерација ESDU за најдобра кореографија во категоријата Urban Dance Styles проследена со парична награда.

Јуниорската група (Yung Trixtz), пак, освои 6-то место формација во А-лига, категорија Urban Dance Styles, во конкуренција од над 35 групи.

Судии на овој натпревар беа реномирани светски кореографи како: EZ Twins (Словенија), Матиц Задравец (Словенија), Jose De La Cruz (САД), Жељко Божиќ (Словенија), Мет Падиља (Филипини) и АК Лаката (Филипини).

Beatrix Crew за да стигнат до натпреварот бараа помош од граѓаните, преку акција на „краудфандинг“ платформа, каде се обидуваа да соберат 10.000 долари откако не добиле средства од државата.