Базар на креативност викендов во Јавна соба

Базар на креативност, рачно изработени и уникатни парчиња и производи во мали серии од дизајнери, занаетчии и уметници ќе се одржи во центарот Јавна соба на 13 и 14 февруари.

Мини саемот се подржува под мотото „За оние кои ги сакаш” и нуди уникатни парчиња за подарок – облека, накит, козметика, долна облека, помагала за домаќинство, модни детали и парчиња мебел, произведени од 35 македонски брендови.

„ Базарите кои прераснаа во наша месечна активност се одговор на побарувачката која доаѓа директно од посетителите во дизајн центарот, каде им овозможуваме полесно да стапат во контакт со креативците од земјата и да го запознаат нивниот потенцијал. Формулата е усвоена од страна на младите дизајнери и занаетчии, гледаме прогрес во секој еден новонастанат бренд и со сигурност можеме да кажеме дека за кратко овие активности ќе се преселат и во регионот”, велат од Јавна соба – центарот за дизајн и иновации.