Балканската култура на „собирање работи“ наспроти јапонскиот минимализам

Се разбира, можеби звучи глупаво да се прават паралели помеѓу две култури толку различни една од друга и со километри оддалеченост меѓу нивните краеви на Земјата. Но, еден обид да се направи споредба помеѓу која било балканска држава и Јапонија сигурно прикажува случај каде имаме целосно различни состојби на човечкиот ум.

Во јужна Европа, балканските земји се дом на Словените, но со векови тие мешаа и споделуваа соседства со уште неколку етнички групи. Во толку измешанo соѕвездие на луѓе, се чини дека има очигледна тенденција на „собирање работи“, секакви непотребни работи: износени алишта, стар мебел оштетен од влага, расипани машини за перење алишта, печки и други уреди од претходниот милениум. Како што поголемиот дел од нивните сопственици (нашите мајки, татковци, вујковци, тетки и соседи) би рекле: „Ги чуваме за црни денови“.

Што се однесува на „црните денови“, вистина е, државите како Босна, Србија или Македонија најмногу претрпеа по распадот на Југославија, некои поради војна, други поради сиромаштија и транзиција. Сепак, постарите генерации понекогаш се носталгични за „добрите стари времиња“. Во таа смисла, дури и расипана машина за алишта од времето на Тито може да биде потсетник за тоа какви биле работите.

Исто така, да не ги заборавиме тензииите меѓу етничките групи кога политичарите редовно претставуваа агенди нецелосно јасни, што е уште еден фактор зошто луѓето би собирале се „за секој случај“.

Во случај да не се мајка ти или баба ти тие што одбиваат да ги фрлат твоите бебешки алишта од гардеробата, за да направат место за твоите сегашни, тогаш хаосот или носталгијата – два феномени што се судруваат на некоја невидлива точка – може да бидат почувствувани секаде.

Постојат дури цели градови преполни со непотребни работи, добар пример е центарот на Скопје. Децении по земјотресот во 1963 година, зградите во модернистички и бруталистички стил доминираа меѓу архитектонските објекти во градот.

Сепак, во текот на изминатите десет години македонскиот главен град не беше ништо друго туку жртва на контроверзниот проект „Скопје 2014″. Во рамките на децениските градежни напори, одеднаш, бројни фасади поминаа во барок, а безброј споменици го преплавија градскиот центар на Скопје, сè друго што претходно било вредно да се види.

Од другата страна на светот, во Јапонија, има се повеќе и повеќе луѓе како г-дин Фумио Сасаки кои носат нов и радикален начин на живот. Како жител на Токио, Сасаки има само 20 предмети во неговиот плакар.

Неговиот стан е само 20 квадратни метри, што дополнително се спротивставува на уште една навика очигледна во Скопје или други балкански градови. Тоа гласи нешто како: „Да додадеме уште два ката во нашата куќа! Еден за нашиот син и еден за неговите деца. (И покрај тоа што овие деца се уште не се родени!)

Назад кон станот на Сасаки, таму не постои мебел, бидејќи тој, всушност, ја прифатил филозофијата на јапонскиот минимализам, да живее „чист, уреден живот”, одвојувајќи се од секојдневните објекти. За возврат, тој претпочита да троши време на свесни активности, патувајќи низ целата земја, можеби спортувајќи на отворено, или да ужива во времето со блиски пријатели.

Националниот музеј на западна уметност во Токио

Минимализмот доаѓа од истакнато движење во Јапонија, нешто што земјата го наследила од древните традиции на Зен будизмот. Отстранувајќи се од сè што не ви треба, барате едноставност и повеќе внимание во животот. Плус, постојат практични причини. Бидејќи силните земјотреси често ги погодуваа јапонските острови, немање премногу работи во вашиот дом, всушност е добра работа. Тоа само може да ве спаси од неволји кога вашите работи почнуваат да паѓаат насекаде поради тресењето.

Музејот на современа уметност во Скопје

Слична филозофија, можеби, употребил и Кензо Танге, додека работел на мировните споменици во Хирошима, дизајн што го издвоил како еден од највлијателните архитекти на 20 век. Танге намерно ја чувал надворешноста на зградата на Меморијалниот центар едноставна и гола, како и неговите внатрешни ѕидови, без никаква декорација. На тој начин, како што беше објаснето, посетителите што доаѓаа во самата локација, беа во можност да се фокусираат само на прикажаните содржини.

Танге продолжи да ги развива своите архитектонски дизајни и идеи додека поднесуваше планови за развој на Скопје по земјотресот во 1963 година. На некој начин, архитектонското наследство што го остави во овој град потсети на многу аспекти на културата на јапонската култура, во која традиционално „помалку” значи „повеќе”.

Поглед кон зградата на Македонската опера и балет, пред „Скопје 2014“

За жал, денес од него има само траги. Да ја земеме за пример зградата на Македонската опера и балет (МОБ), едно од најдобрите архитектонски достигнувања што произлезе од урбанистичките планови за обнова на Скопје по земјотресот. Како важен културен центар, МОБ се појави како најзначајно дело што се поврзува со културниот комплекс, поставен покрај реката Вардар, и како што е предвидено со плановите на Танге.

Сега седи во сенка на новоизградените административни градби со барокни фасади. Како нови градби на брегот на реката, треба да имаме на ум дека тие исто така се изградени на терен намерно оставен празен во рамките на планот за обнова, поради загриженоста дека нема да издржат масивни згради во случај на нови опасности.

„Преполните” градски простори. На оваа слика, зградата на Македонската опера и балет е скриена зад овој неуреден куп згради покрај реката

Но, основно познавање на психологијата нè учи дека „преполни” умови имаат тенденција да проектираат преполни простори за живеење. И во текот на изминатите неколку години, таков тип на ум создаде целосно „преполн” град од македонскиот главен град.

Да не зборуваме дека добро организираните и здрави градски блокови (Скопје е исто така еден од најзагадените градови во Европа) значат среќни и здрави граѓани. Исто така, граѓаните ќе се ослободат од непотребни навики и стари модели на размислување.

Извор: www.thiscityknows.com