Aware and Active – повик за учество на обука за млади во Гевгелија

НВО Легис од Скопје, во рамките на проектот Aware and Active објавува повик за учество на 25 млади лица на возраст од 18-30 години во обука која ќе се оддржи од 02-04 март 2018 во Гевгелија.

Обуката има за цел да придонесе кон подигнување на свеста кај учесниците за проблемите, предизвиците и социјалната ексклузија со кои се соочуваат младите бегалци и мигранти во Европа, да промовира активно граѓанско учество, меѓукултурен дијалог и инклузија, да придонесе кон подобрена медиумската писменост и да поттикне критичко размислување кај учесниците.

Во рамки на обуката ќе биде организирана и лабораторија на идеи, преку која учесниците ќе имаат можност да споделуваат идеи за кампањата за подигнување на свеста која ќе биде организирана на национално и европско ниво во рамки на проектот Aware and Active.

Учесниците со најкреативни идеи ќе имаат можност да ги претстават истите на меѓународен настан што ќе се оддржи во Словенија од 08-11 јуни 2018.
Работен јазик на обуката е македонски.

Трошоците за храна, пат и сместување ќе бидат целосно покриени од организаторот. Ќе се рефундираат само трошоци за јавен превоз (воз и автобус).

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат онлајн формуларот најдоцна до понеделник, 26 февруари 2018.