Авион во кој имало официјалци на ЕУ падна на Малта

Авион кој пренесувал значајни официјалци од Фронтекс падна на Малта, при што починаа сите петмина во леталото.

Малиот авион паднал веднаш после полетување од Интернационалниот аеродром на Малта, околу 7:20 по локално време утринава.

Сведок за Times of Malta рекол дека авионот наеднаш се свртел сосема на десно и директно паднал. Се верува дека нема преживеани при паѓањето на авионот.

Вработени во аеродромот информираат дека патниците тргнале кон градот Мисрата во Либија. Националностите на жртвите сé уште не се објавени.

Северниот брег на Малта е една од најпознатите точки на траекторијата на мигрантите кои се упатуваат кон Европа, а Фронтекс ги води операциите за сузбивање на криумчарењето.

Сите полетувања и слетувања на Интернационалниот аеродром на Малта се прекинати додека трае истрагата, а летовите се пренасочени кон Сицилија.