[Аудио] Slowdive со прв сингл после 22 години

Англискиот рок бенд Slowdive го објави нивниот прв сингл насловен „Star Roving”, после 22 години. Нивниот последен албум „Pygmalion“ беше во 1955 година.

Нил Халстид, Кристијан Савил, Ник Чаплин, Рејчел Госвил и Сајмон Скот работеа на нов материјал од 2014 година, по нивната обединувачка турнеја.

Халстид во изјава рече:

„Кога бендот одлучи да се вратиме заедно во 2014 година, ние навистина сакавме да направиме нова музика. Потребни ни беа многу емисии и неколку лажни почетоци за да стигнеме до тој момент, но со гордост и одредена нервоза ја објавивме ‘Star Roving’. Таа е дел од еден куп нови песни на кои работевме. Чувството е забавно и релевантно сега кога свириме заедно, како од самиот почеток. Се надеваме дека луѓето уживаат во тоа”.