[Аудио] Skills that pay the bills: Развивање и растење на бизнис

Слушнете ја шестата епизода од подкастот „Skills that pay the bills“, која ја посветивме на темата „Развивање и растење на бизнис“.

Овој пат, разговараме со Билјана Филиповска од првата кооператива на потрошувачи на органска храна „Наша Добра Земја“ и со Нино Карас, коосновач на компанијата „Колдвел“ и креатор на неколку успешни и популарни апликации за паметна технологија, меѓу кои и „Летз“.

Исто така, зборувавме и со Игор Изотов од „Сивус Инкубатор“, еден од тренерите на обуките за „Развивање и растење на бизнис“.

Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.

Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“. Спроведуван е од Младински образовен форум и Институтот за европска политика (ЕПИ), а е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).