[Аудио] Skills that pay the bills: Невладините организации прават промени во општеството

Радио МОФ петтата епизода од подкастот „Skills that pay the bills“ ја посветува на тема „Водење на НВО и развој на проекти“.

Една од најактивните хуманитарни организации изминативе години во Македонија беше „Легис“, па оттука Јасмин Реџепи зборува како оваа организација се соочуваше со бегалската криза, но и какви одлуки и проблеми произлегоа низ целиот процес.

Исто така, во склоп на темата, разговараме и со Марија Мирчевска и Мартин Алексоски, тренери од обуката за „Водење на НВО и развој на проекти“. Тие даваат свои ставови за моменталната ситуација на граѓанските организации, на што треба да се обрне внимание при оформување на НВО, за облиците на здружување, но и за бенефитите и промените кои организациите ги прават во општеството.

Овој подкаст решивме да го поделиме – денеска ви го презентираме првиот дел, а наскоро и продолжението, на исти теми, но и со дополнителен соговорник.

Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.

Подкастот е реализиран во склоп на  проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).