[Аудио] Skills that pay the bills: Нема успешни политики без релеватни и методолошки издржани истражувања

Слушнете го продолжението на седмиот подкаст од „Skills that pay the bills“ на тема истражување, мониторинг и евалуација. Зборуваме за важноста на овие вештини и методи за прибирање информации во функционирање на една организација, но и како со истражувањата се креираат јавните политики.

Во овој дел го продолжуваме разговорот со Слободан Медаровски од Агенцијата за истражување на јавното мислење, маркетинг и медиуми „Брима“, а наш соговорник е и Марија Башевска од Реактор – Истражување во акција.

Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.

Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“. Спроведуван е од Младински образовен форум и Институтот за европска политика (ЕПИ), а е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).