[Аудио] Skills that pay the bills: Истражувањата ги унапредуваат организаците и јавните политики

Слушнете ја седмата епизода од подкастот „Skills that pay bills“ во кој се концентриравме на истражувањето, мониторингот и евалуацијата, како важни фактори за носење правилни одлуки и унапредување на една организација, а истовремено и за градење јавни политики.

Подкастот го поделивме на два дела. Во овој сегмент разговаравме со Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика и со Слободан Медаровски, менаџер во Агенција за истражување на јавно мислење, маркетинг и медиуми „Брима“.

Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.

Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“. Спроведуван е од Младински образовен форум и Институтот за европска политика (ЕПИ), а е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).