Аудио ретроспектива за месец февруари 2017

Во месец јануари во Регенерација зборевме за одличните нови хитови на Реге и Даб сцената. Нешто што е вредно да се слушне.

Марјан Болтевски ви имаше одлични теми подготвено за целиот месец во Поларис, зборевме за Star Wars, Злобните мртовци и филмот “Krull”

Внимателно одбраните разлетани акустични ноти од Викторија Мирчевска во Acoustic Stream,  во месец февруари можете да слушнете кавер бендот- Us the Duo и одличниот вокал на James Arthur.

Секси Маало во месец февруари или месецот на љубовта зборуваа за Валентајн и неколку непознати факти за него.

 

Повелете на дружење со „Јас сум Цако“, со весалата дружина на Ретвитни оброк.

Повелете најновото издание на Skopje Urban Beats каде што може да ги слушнете нивните внимателно одбрани Jungle и Drum and Bass ритми, како и да ги проверите нивните одлични DJ сетови на нашата фејсбук страница.

Пред два месеци исто така започнавме и со емитување на подкастот „Skills that pay the bills“ кој е релизиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE). Сега 3тата епизода во 2 дела.

Во последното издание на Радио CODA, злосторниците на стриповите на DC и Marvel, како и за фантазија, заедно со Маријан од Поларис. Одлично дуо.

Овој месец повторно ги слушавме електро инди звуците со Јанко Смилевски во Ruby Tuesday.

Никса и Дапе во Временски Патници во февруарското издание за Gorillaz

Во Црвен Крст Ќоше, зборувавме за хуманоста.

Дино ни подготви уште едно одлично издание на Хип Хоп Манија, го слѕшаме кралот на Хип Хопот- Еминем

Овој месец Илија Ангелоски – Гиле во Герила радио, во фокус ги стави продолжението на laibach, како гостин го имаше Зоки од Рокагресори, Demolition group и за крај Ристо Апостолов..