[Аудио] Подкаст Skills that pay the bills: Тимска работа и лидерство за организирано секојдневие

Во четвртиот подкаст од серијалот „Skills that pay the bills“ разговараме за лидерството, мотивација и тимска работа. За тоа како совладувањето на овие вештини и добрата организација може да помогне во животните предизвици и како тие можат успешно да се комбинираат помеѓу себе.

За овие прашања, свои искуства и ставови за Радио МОФ даваат Мила Тасевска од иницијативата „Ретвитни оброк“, претседателот на Институот „Симбиотика“, Лазар Ѓуров и едукаторката Сања Стефановиќ.

Целта на подкастот „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младинa.

Подкастот е реализиран во склоп на  проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

//