[Аудио] Подкаст „Skills that pay the bills“: Главната улога на претприемачот е решавање на проблеми

Јадрото на претприемачкиот процес и главната улога на претприемачот е решавање на проблеми. На овој свет, на планетава и се потребни повеќе претприемачи токму од причина што тие по дефиниција се problem solvers (решавачи на проблеми), вели Филип Арсов кој е дел од третиот подкаст „Skills that pay the bills“.

Арсов заедно со Александар Радомировиќ се тренери на обуката за претприемништво, бизнис план, стартапи и иновативни бизнис технологии. Тие за Радио МОФ зборуваа за карактеристиките, функциите, но и ризиците и препреките кои треба да ги надмине еден претприемач.

Во Радио МОФ гостуваше и Игор Маџов од „Стартап Македонија“, кој меѓу другото нагласува дека идејата е многу важна, но многу поважно е и тимот што ќе помогне таа да се реализира.

Овој подкаст решивме да го поделиме. Денес ви го презентираме првиот дел, а наредната недела ќе го објавиме и вториот подкаст каде ќе продолжиме да дискутираме за стартапи, иновативни бизнис технологии, и социјално претприемништво.

Целта на „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младина.

Подкастот е реализиран во склоп на  проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).