[Аудио] Новиот албум на Николас Џар може да се ислуша на неговото интернет радио

Минатиот месец Николас Џар покрена онлајн радио платформа која се состои од мистериозни кодови, нејасно нумерирање и сложени звуци без какви било вести или информации.

Сега, на неговиот онлајн канал за стримање, тој го сподели новиот албум насловен „Sirens“, пред да биде официјално објавен на 30 септември.

Албумот се состои од шест траки и дополнителна продукција насловена „Wildflower“. Не постои опција за прескокнување, премотување напред, или наназад. Мрежата „Other People“ ги дава и стиховите од секоја песна од стримот.

Експерименталниот музички продуцент тргнува на американска и европска турнеја од октомври до декември, застанувајќи на над 30 локации како Милано, Амстердам, Лос Анџелес, Монтреал и Њујорк.

Новиот албум на Џар може да го слушнете на следниот линк, или поточно на Канал 333.