Апсолвентите на УГД со поддршка за професорите кои штрајкуваат со глад

Откако тројцата доктори на науки вчера добија поддршка од дел од своите колеги, денеска поддршка на нивна адреса стигна и од апсолвентите на Економскиот факултет при УГД, кои како што тврдат, директно се засегнати за расплетот на случувањата во врска со прекинувањето на работниот однос на твојцата професори, објави Фокус магазин.

Апсолвентите на УГД со поддршка за професорите кои штрајкуваат со глад

Фото: Фокус магазин

Веќе три дена како тројцата избркани професори од Економскиот факултет, Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски штрајкуваат со глад во просториите на СОНК, откако претходно без избркани од просториите на Економскиот факултет при Штипскиот Универзитет од обезбедувањето на Ректорската управа.

Откако тројцата доктори на науки вчера добија поддршка од дел од своите колеги, денеска поддршка на нивна адреса стигна и од апсолвентите на Економскиот факултет при УГД, кои како што тврдат, директно се засегнати за расплетот на случувањата во врска со прекинувањето на работниот однос на твојцата професори.

– Повикувајќи се на нашето четиригодишно студирање на овој факултет, слободно можеме да кажеме дека станува збор за едни од најквалитетните професори. Овој чин не значи само бркање на тројца професори, (и тоа не било кој), туку и бркање на студентите кои се во потрага по квалитет и кои својата одлука за студирање ја донеле врз основа на професорите, кои се најдобра реклама за истиот. УГД е факултет со кратка историја и наместо да се привлекуваат поквалитетни кадри, акцентот се става на бркање и на така скудниот квалитетен кадар, на кои сме горди сите студенти – се наведува во отвореното писмо од апсолвентите до Ректорот на факултетот.

Според нив, иронично е тоа што како студенти, се беспомошни во оваа ситуација, бидејќи нивното право на глас не фигурира никаде. Според нив дури и Претседателот на Студентски парламент при УГД, наместо да ги поддржи, се обидува да го задуши и онака кревкиот глас кој никој не го слуша.

Целиот текст прочитајте го на веб сајтот на Фокус.