Апликацијата „Смартифај“ – „Шазам“ за уметнички дела

Расте бројот на апликации кои го користат системот на виртуелна реалност за да ја олеснат визуелизацијата на работите во просторот или помагаат при создавање на нешто ново.

Новата апликација „Смартифај“ има слична задача како „Шазам“, чија цел е да ја препознае музиката што во моментот свири. „Смартифај“ од друга страна, го прави истото, но со уметнички дела.

Доволно е да се преземе апликацијата на паметниот телефон, да се вклучи, да се насочи камерата кон уметничкото дело и на екранот ќе се појави името на делото, краток опис, па дури и кратка аудио критика за него.

„Смартифај“ соработува со повеќе од 30 музеи низ светот. Иако мобилните телефони не се добредојдени во повеќето музеи, апликацијата може да помогне да се дознае повеќе за одреден експонат.