Анти-НАТО протест пред македонското Собрание

Група граѓани и повеќе граѓански здруженија со анти-НАТО транспаренти протестираат  пред Собранието, поради посетата на Македонија на Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој меѓувреме се обраќа пред македонските пратеници.

Стотината демонстранти, на мирните протести, се обезбедуваа од полициски сили, кои се зголемија откако силниот ветар сруши една канделабра на булеварот пред Собранието.

Според транспарентите дел од граѓаните протестираат против членство на Македонија во НАТО, дел од пораките се против промена на името на Република Македонија, а дел против политиките на новата Влада.