Анкета за жителите на Аеродром: Каде сакате паркинг за велосипеди?

Општина Аеродром спроведува онлајн анкета преку која на жителите им се нуди можност да изберат локација за поставување на паркинг за велосипеди („вело-остров“).

Граѓаните од Општината можат да бираат помеѓу трите понудени локации: „Паркот на езерата“, „Паркот со авион“ или „Паркот Јане Сандански“.

Анкетата можете да ја најдете ОВДЕ.

Вело-островот е планиран во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, спроведуван од Центар за климатски промени – Гевгелија, во соработка со Општина Аеродром.