Анимации покажуваат како изгледа светот за далтонистите

Околу еден од 12 мажи и една од 200 жени се далтонисти, односно не регистрираат одредени бои. Иако оваа состојба е доста честа, за оние кои ја немаат е тешко да се замисли како светот изгледа кога си далтонист.

За да ја подигне свесноста за ова пореметување, MVF Global создаде гифови кои покажуваат како е да се живее со далтонизам. Според организацијата Color Blind Awareness, најпозната форма на далтонизам се неможноста да се препознава црвената или зелената боја, каде се вклучени протанопијата, девтеранопијата, протаномалијата и девтераномалијата. Иако сите овие пореметувања се различни, сите претставуваат потешкотија да се препознае црвено или зелено.

Сепак, има и поретки форми на далтонизам кои можат да влијаат на способноста на човекот да гледа сино, а постои и екстремно ретката форма наречена ахроматопсија или монохромација, со која не се распознава ниту една боја.