Ангелина Цветковска е најдобар говорник на „Почетнички турнир 2014“

Дебатната програма на Младинскиот образовен форум викендов (19, 20 и 21 декември) го организираше еден од своите најголеми турнири, дебатниот турнир за почетници. На натпреварот, кој воедно беше и прва средба од натпреварувачки карактер за новите дебатери, учествуваа вкупно 114 средношколци и повеќе од 20 дебатни судии од 16 градови од Македонија.

За прв пат оваа година турнирот се одржа во World Schools формат, каде во 4 прелиминарни рунди се дебатираше на тезата: „Овој дом верува дека сета уметност, литература, фотографија, филм и музика треба да биде објавена под „Криејтив Комонс“ лиценца.“

Во четврт финалето на турнирот се пласираа 8 тимови, кои прво дебатираа на тезата: „Овој дом би ја направил стручната литература достапна за јавноста.“

Свое место во финалната дебата обезбедија [Тим Ракета] Роберт Јованов, Аремнд Ќерими, Сара Секуловска и [Tим М2]  Михаела Минова, Михаил Денковски и Елена Ѓорѓиевска дебатирајќи на тезата: „Овој дом би забранил интелектуална сопственост при производство на лекови.“ Со судиска одлука 4:3 пак победи тимот М2.

Ангелина Цветковска е најдобар говорник на „Почетнички турнир 2014“

За најдобар говорник на турнирот беше прогласена Ангелина Цветковска со 293 говорнички поени, второто место со 289 поени им припадна на Арсениј Пертсов, Никола Думовски и Синиша Јовиќ, додека третото место со 288 поени го делеа Сања Кариланова, Роберт Јованов и Мартин Стојаноски.

Прелиминарните рунди на турнирот се одржаа во училиштето за физичка култура „Методија Митевски Брицо“ – Скопје, а финалните рунди во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент.

Овој настан е поддржан од Фондација Отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Интернационалната дебатна асоцијација (ИДЕА).