Анализа: Ревизија во општина Сарај

Се поправале возила, но нема докази дека тие биле службени, на општината. Не се користела електронска евиденција на работното време, градоначалникот не прогласил финансиска нестабилност иако законски имало услови за тоа, пишува анализата на Portalb.mk. Ова се дел наодите во ревизорскиот извештај за општина Сарај, кој е еден од првите што ги објави Државниот завод за статистика во оваа 2018 година. Опфатена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките на основниот Буџет за 2016 година. Ревизијата опфаќа период во кој градоначалник на општината е Беким Мурати.

„Ревизијата изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2016 година како и неповолно мислење за усогласеност на активностите,финансиските трансакции и информации со релевантаната законска регулатива“ – се вели во воведот на ревизорскиот извештај.

Како се водела евиденција на работните часови?

Посериозни пропусти па дури и неусогласеност со позитивната законска регулатива е регистриран во делот на ситемот на внатрешна контрола.

„Во општина Сарај не е воспоставен систем на интерни контроли и не се донесени процедури за движење на документацијата и систем на следење и контрола на сметководствената документација. Не е назначен одговорен сметководител и нема вработено внатрешен ревизор“ – се нотира во ревизорскиот извештај.

Ревизорот утврдил и дека документацијата не се чува соодветно па така се посочува:

„Утврдивме несоодветно чување на документацијата, со што истите се изложени на уништување од пожар, поплави и слично.“

Не се водела електронска евиденција на работно време.

„Општината има електорнски систем за евиденција на работносто време но истиот не е во функција во текот на 2016 година и до моментот на вршење на ревизијата и од тие причини воспоставена е рачна евиденција. Истата не се води хронолошки при доаѓање и заминување на вработените, туку се води месечно, по денови и лица а листите не се авторизирани од страна на одговорно лице, што не дава уверување за точноста на евидентираните работни часови“ – посочуваат ревизорите и нотираат дека сите горе наведени состојби не се во согласност со Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.

Финасиска нестабилност 

Бројни пропусти и косење со закон е утврдени кај финасиското работење, конкретно во делот на прогласување на финансиска нестабилнсот. Имено, иако законски биле исполнети условите за прогласување финасиска несолвентност на општината, тоа не било направено.

„Евидентираните обврски за 2016 година се поголеми за 122% вооднос на истите обврски во 2015 година. Преземените обврски се за 52% поголеми од остварените приходи. Со ревизијата е утврдено дека општина Сарај во периодот од месец јули заклучно со месец декември има неизмирени обврски над 60 дена кои надминуваат 80% од реализираните приходи. Овие состојби укажуваат дека градоначалникот на општната требал да донесе Одлука за прогласување на финансиска нестабилност. Ваквото работење на општината создава услови за нејзино поголемо задолжување“ – се наведува во објавениот ревизорски извештај со препорака дека градоначалникот терба да донесе ваква одлука и во рок од три дена да ги извести надлежните институции.

Со увид во сметководствената евиденција, утврдени се серија на пропусти во плаќањата и нивното евридентирање.

„Поправка на возила во вкупне износ од 6 000 евра за кои нема работен налог или не е наведен регистерскиот број на возилото на кое е извршена попоравката со што ќе се потврди дека услугата е извршена за службено возило на општината“ – се наведува во извештајот и се додава:

„Тековно одржување на хардвер и софтвер во вкупен износ од 2 800 евра за што не е приложен документ од каде може да се утврди дека услугата е извршена. Стоки за организирање на училишна олимпијада во 2015 година во износ од 7 000 евра( храна, пијалаци, печатени пропагандни материјали, спортска опрема, ангажирање на судија …) за кои на испратниците нема потпис за прием и репрезентација во износ од 8 000 евра за што општината нема донесено акт а не може да се утврди ниту дали услугата е извршена за потребите на општината“.

На ревизиорите не им биле презентирани ниту документи со кои треба да се докаже оправданоста на трошењето на набавено гориво за службени возила во вкупен износ од 4 200 евра, со напомена дека не се изготвувале налози за користење на патнички возила за службени дејства.

Иако ревизорт имал забелешки за вработувањата по договор на дело уште во 2009 та година, со препорака за да се почитува законот, сепак и со новата ревизија, старата пракса продолжила.

„Во 2015 и во 2016 година се склучени договори на дело со осум лица кои континуирано вршат работни задачи предвидени со Правилникот за систематизација. Начинот на ангажирање на овие лица не е во согласност со одредби од Законот за облигациони односи, кој предвидува ангажиарње на лица по договор на дело за вршење одредена работа еднократно“. – констатира ревизорот.

Сериозни недоследности се утврдени и во законската обврска за спроведување на попис, па така извшен бил попис на опремата во канцелариите, но во пописните листи не била внесена сметковдоствената вредност.

„Не е извршен попис на материјалните средства, деловни објекти и моторни возила во сопственост на општината, парични средства и ситен инвентар, поради што не може да се утврди дали постојат разлики помеѓу фактичката и сметководствената состојба“ – се вели во ревизорскиот извештај.

На овие изнесени наоди и препораки, од страна на општината не се доставени забелешки.

„Од страна на законскиот застапник на општина Сарај не се добиени забелешки на Нацрт извештајот на овластениот ревизор“ – пишува во извештајот.