„АМАН“ пред Владата, насилници се обидоа да го спречат протестот
Вести, Во Фокус, Граѓани, 03 ноември 2012. | 2 коментари
Граѓанската иницијатива „АМАН“ денеска (03.11) за првпат протестираше пред Владата, барајќи забрзување на постапката за одоборување на иницијативата за собирање 10.000 потписи. Претходно, непознати лица, кои одржувале контрапротест пред ЕВН, дошле пред Регулаторната комисија за енергетика, им се заканиле и се обиделе да ги избркаат активистите на „АМАН“ .
Според Џелал Хоџиќ од „АМАН“, групата се обидела да им ги одземе транспарентите, а еден од нејзините членови кој се претставил како член на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ им рекол „да се губат за 15 минути“. Претставниците на „АМАН“ ја повикале полицијата, затоа што според нивните зборови, групата била подготвена за предизвикување инциденти. По ова, полицијата почна засилено да го обезбедува протестот. Членовите на „АМАН“ продолжија пред Владата, каде се задржаа неколку часови.
Дванаесеттиот протест на „АМАН“ против поскапувањата на струјата, парното и нафтените деривати се случува во атмосфера на закани и притисоци врз членовите на граѓанската иницијатива, кои се жалат дека непознати лица во изминатите денови малтретирале нивни членови. Иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во енергетската легислатива, која ја поднесе „АМАН“, заглави во Владата, која треба да ја одобри. Од „АМАН“ најавуваат дека ќе продолжат со протестите, се до конечното исполнување на нивните барања.
Слушнете ја изјавата на Џелал Хоџиќ од „АМАН“ за денешниот инцидент:















4 ноември 2012at 16:00(#)
[...] attempt are still at large, a new incident occurred during the 12th protest on Nov. 3. Radio MOF reported [mk] that a group of counter-protesters threatened and tried to chase the AMAN protesters away, but [...]
9 ноември 2012at 21:03(#)
[...] протест на 3 ноември се случил нов инцидент. Радио МОФ извести дека група контрапротестанти се заканувала и сакала [...]