Активисти окупираа познат театар во Берлин

Познатиот берлински театар Фолксбуне е окупиран од група активисти кои се спротивставуваат на изборот за нов директор, од кој се плашат дека ќе го претвори во комерцијално место.

Окупацијата започна со протест во петокот и продолжи во текот на викендот, откако пропаднаа преговорите меѓу активистите, градските власти и новиот уметнички директор Крис Деркон, поранешен директор на националната галерија Тејт Модерн во Лондон.

„Разговорите завршија засега без никакви резултати“, информираа од театарот на својата Фејсбук страница.

Демонстрантите, кои формираа уметнички колектив наречен „Од прав до сјај“, објавија план за окупирање на зградата во западен Берлин во три месеци, додека сценските изведби ќе бидат бесплатни.

Тие го одржаа првото „собрание“ во саботата, повикувајќи ги љубителите на театарот да покажат солидарност и да донесат потребни работи како тоалетна хартија, принтери и храна и вода.

Апелот беше толку успешен што полицијата спречи дел од поддржувачите да влезат откако зградата го достигна својот максимум капацитет од 500 посетители.

Со окупацијата, колективот рече дека сака да „испрати порака против актуелните политики“ и ширењето на „гентрификацијата“ на германскиот главен град.

Уметниците на Фолксбуне  беа силно критични кон новиот директор на театарот, кој доаѓа на местото на познатиот Франк Касторф кој го предводеше авангардниот театар речиси четвртина век.

Повторно изграден по Втората светска војна, во импозантен сталинистички стил, користејќи остатоци од хитлеровата уништена канцеларија, Фолксбуне се гордее со каустичен коментар за политичката и капиталистичка хипокризија.

 Познатиот театарски режисер, како и уметничкиот режисер, Касторф е познат по претворањето на Фолксбуне во едно од водечките места во Европа со неговите смели, контроверзни и често долги продукции.

Деркон, чија номинација беше контроверзна уште од нејзиното објавување во 2015 година, ќе биде првиот не-уметник кој ќе го преземе кормилото на легендарниот театар.

Критичарите стравуваат дека неговиот мандат ќе доведе до помалку провокативни и комерцијални продукции.

Тие, исто така, се сомневаат дали Деркон, роден во Белгија, може да донесе радикален сензибилитет и свест за бурната историја на Берлин, која е вткаена во театарот.