Активисти им испратија на американските сенатори кондоми со слики од загрозени животински видови

Сенаторите на САД, за Меѓународниот ден на светската популација, добија интересно изненадување – кондоми со слики и пораки кои треба да ја зголема свеста за загрозените животински видови.

Се работи за иницијатива на Центарот за биодиверзитет, кој испратил 600 „кондоми со загрозени видови“ вкупно на Конгресот во Вашингтон. Акцијата ја одржале во чест на Светскиот ден на населението – 11 јули, за да ги поттикнат властите да ги заштита репродуктивните права и програмите за планирање на семејства. Истовремено, и за да помогнат во заштитата на загрозените животни.

Користењето на кондоми со слика од загрозен вид на нив, можеби праќа збунувачка порака. Но, става акцент на важен проблем на забавен начин.

Бен Сеси, републикански сенатор од Небраска, на Твитер го искажал своето изненадување кога го добил невообичаениот подарок.

Иако е смешен, проектот има за цел да ги охрабри сенаторите да ги признаат правата на жените и да не им се одзема здравствената нега.

„Пристапот до репродуктивно здравство е право кое сите жени треба да го имаат“, вели Ли Мојер од Центарот. „Исто така е значајна алатка во справувањето со растот на човечката популација, за да може да направиме место и за дивината која ја дели оваа планета со нас“.

Таа забележува и дека сакале да повлечат паралела меѓу растот на човечкото население и кризата со истребување на дивите животни, што веројатно ја објаснува употребата на овие кондоми.

Светскиот ден на населението е годишен настан прогласен од Обединетите нации, кој има за цел да стави акцент на глобалните проблеми со населението. Има повеќе од 7,5 милијарди луѓе на оваа планета, а бројката расте со огромна брзина – околу 227.000 нови луѓе секој ден. Ова пренаселување може да доведе до губење на хабитатот на многу животински видови. Луѓето се обвинети за предизвикување на шестото масовно истребување.