Активирани владините мерки против аерозагадувањето во Скопје

Владата на Република Македонија информираше дека ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје, по добиените информации за надминатиот праг на квалитетот на воздухот два дена последователно на скопските мерни станици „Лисиче“ и „Ректорат“.

Со мерките владата ги задолжува надлежните институции да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата со хронични болести и оние кои имаат над 60 години, да се воспостави бесплатен или поефтин јавен превоз и зголемена фрекфенција на автобуси, пренасочување на тешките товарните возила кои транзитираат низ Скопје на обиколницa, забрана за одржување спортски активности на отворено, дневно чистење на улиците, како и обврска за градежните компании да користат вода за намалување на градежната прашина.

Сите мерки кои треба да ги преземат надлежните институции на следниот ЛИНК.

Од владата предупредуваат и дека според временската прогноза од вторник до петок се очекува појава на температурна инверзија и магла по котлините.