Акција за чистење на Скопскиот аквадукт

На иницијатива на Здружението стопанственици од индустриска зона Визбегово во Скопје денеска се одржа акција за чистење на Скопскиот аквадукт.

„Во индустриската зона Визбегово има повеќе од 200 компании во кои работат над 5.000 лица. Имајќи ја предвид средината во која работиме сакаме да оствариме континуирана соработка со институциите и со останатите субјекти кои функционираат во овој реон за да преземеме чекор напред и да покажеме дека со заедничка работа може да се постигне успех. Сакаме овој вид на акции како чистењето на Скопскиот аквадукт да бидат поттик и на други зони за и тие да бидат општествено одговорни“, порача Тања Кроневска, член на Здружението.

Иако Скопскиот аквадукт треба да биде туристичка атракција, тој се дави во ѓубре и нечистотија.

[Фото] Антиводич: Аквадуктот е врв на негрижата за културното богатство

Аквадуктот претставува едно од позначајните знаменитости и наследства на Скопје. Со својата должина од 385 метри е единствен во Македонија и еден од трите сочувани аквадукти на просторот на поранешна Југославија, покрај тој кај Бар во Црна Гора и Диоклецијановиот аквадукт кај Сплит.

Граѓани чистеа околу Скопскиот Аквадукт во акција на „Мрдни со прст“

Ова не е прва акција за негово чистење. Низ годините честопати се организираа вакви акции, но по нив просторот повторно стануваше дива депонија.