Акција во Рим: со секое дополнително купено кафе се донира билет за театар

Театар во Рим ја започна традицијата на „одложено кафе“, односно кога личност купува дополнителен пијалок со кој донира на некој што е помалку богат, но во овој случај, донацијата е во вид на билет за театар.

Иницијативата ќе трае две недели во „Teatro delle Muse“, каде луѓето кои купуваат билети за различни претстави ќе бидат во можност да купат дополнително седиште по намалена цена и да го остават на благајните за некој друг.

Целта е да се направи мал добротворен гест со цел театарот да биде подостапен за граѓаните. Синоќа се одржа комичното шоу насловено „Вие не сте наполитанци“, но донираните билети ќе важат до крајот на иницијативата.

Традицијата на „одложено кафе“ потекнува од Неапол и главната идеја е додека некој нарачува уште едно кафе, анонимно донира на некој кој има потреба.

Идејата сега се прошири на меѓународно ниво, а во некои места е адаптирана, па така наместо кафе, тоа може да биде со пица, или други прехранбени продукти.

Во знак на оригиналниот неаполски обичај, донираните билети за театар, ќе дојдат со испиено кафе, благодарение на еден локален бар.