Акција на средношколците пред МОН -Нè видоа, но не не слушнаа

Средношколците со своите родители и наставници ја блокираа улицата пред МОН и во знак на протест ги оставија своите униформи на оградата пред Министертвото .

Извикувајќи „Заедно сме посилни“ и „Излезете кукавици“ тие побараа надлежните да слушнат нивните барања.

„Не видоа, но не не слушнаа. Остануваме во кампот со надеж за подобрување на ситуацијата“, изјавија од Средношколскиот пленум.

Иако денеска најавија 90-минутен протест, од 17 до 18:30 часот, сепак тој беше откажан од безбедносни причини поради синоќешните протести. Наместо тоа , средношколците денеска се решија за кратка герила акција.