СВР Скопје синоќа спроведе зајакната акција за контрола на граѓани – возачи под дејство на алкохол. При акцијта, велат од МВР, алкотестирани се вкупно 272 возачи и притоа кај 102 возачи е утврдено присуство на алкохол.
Во проценти, ова значи дека во саботната вечер 37,5% од затекнатите возачи биле под дејство на алкохол додека управувале автомобил.
Исто така, МВР преку прес-конференција информираше дека се затворени 13 угостителски објекти Скопје, по заедничката акција на Полицијата, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен иснпекторат и Инспекторатот за труд.
Како што информираше портпаролот на МВР Тони Ангеловски, акцијата е спроведена врз основа на претходно изготвени анализи и оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските проиписи за работното време, точење алкохол на малолетни лица, неиздавање на фискални сметки и слично.
„Синоќа од 22 до четири часот наутро, преземени се мерки и активности за контрола на угостителските објекти по сите основи при што беше извршена контрола во вкупно 24 објекти на подрачјето на СВР Скопје. Во осум од нив е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолентици, двајца за користење наркотични средства, а двајца за утврдување идентитет. Поради утврдени неправилности затвoрени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти“, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.