Африканска жена, изложба на Оливија Морелл во Јавна соба

Изложбата од портрети од свила, насловена „Африканска жена” на Оливија Морелл ќе биде отворена вечерва (5 мај) во центарот Јавна соба. Влезот за сите љубители на ликовната уметност кои сакаат да го видат колоритното претставување на африканска култура е слободен.

Морелл го претставува нејзино лично искуство од седумгодичниот престој на карибскиот остров Матиник. Таа е дипломиран метеоролог – физичар, но инспирирана од новата средина и култура целиот свој талент го насочува кон усовршување на новата техника, текстилни бои на свила.

„Нанесувањето на боите се прави на специфичен начин, потребно е се совладаат материјалите, да се познава добро апсорпцијата на свилата, и да се дозира нанесувањето кое се прави со триење од двете страни на свилата”, вели авторката Морелл, која сака своето знаење да го пренесе на младите генерации во Македонија.

Во Јавна соба ќе бидат изложени 24 портрети кои се ризница на колорити изразени преку облека и накит, погледи, лица и топлина со која зрачат африканските жени. Изложбата „Африканска жена” ќе биде поставена до 18 мај.