Аерозагадувањето во Тетово и Скопје достигнa 16 пати над дозволеното

Во текот на ноќта, во општините Скопје и Тетово концентрациите на ПМ10 честичките достигнаа над 800 микрограми на метар кубен, или 16 пати над дозволеното, покажуваат податоците на Министерството за животна средина.

Во Центар максималната концентрација е измерена во три часот од 537 микрограми, во Лисиче 835 во 22 часот, во Ректорат 623, во Гази Баба 490 микрограми и во Карпош 322 микрограми на метар кубен. Во Тетово пак, се измерени 828 микрограми во 23 часот.

Утрово податоците покажале дека најзагаден воздух се уште се дише во Скопје и Тетово. Битола и Велес се со многу висока загаденост, додека високо ниво на загеденост има во Кавадарци

Во Битола е измерена концентрација на ПМ 10 честичките од 260 микрограми на кубен метар. Во Кичево 220 микрограми, Велес 210 и Кавадарци со 200 микрограми на кубен метар.
Во моментов, интернет страницата на Министерството, на која може да се следи состојбата на воздухот е недостапна.