Адеми: Остануваат старите грешки во учебниците

Старите грешки во учебниците ќе останат, изјави Министерот за образование Абдилаќим Адеми, кој денеска го посети основното училиште „Пашко Васа“, во општина Желино, пренесе Телма.

Според Адеми, прво треба да се измени законот за учебници за да се даде можност за интервенирање и промена на проблематичните содржини во учебниците.

Тој соопшти дека МОН го продолжува проектот за адаптирање на учебниците од програмата на Кембриџ за четврто, петто и шесто одделение, додека за догодина ќе продолжат со учебниците до деветто одделение.

На првиот училишен ден Адеми искажа песимизам околу евентуалниот дијалог со Средношколскиот пленум. Тој изјави не е време за измена на Законот за основно и средно образование кога партиите се подготвуваат за избори, како и дека не треба „образованието да биде во преден план и да се злоупотребува за политички цели“.