3Д албум на Kraftwerk излегува оваа есен

По турнејата со 3Д перформанси, електронската група Kraftwerk работи на нов албум кој оваа есен ќе биде достапен на Blu-ray.

Ralf Hütter, единствениот преостанат оригинален член на германската група, за познатото музичко списание  Rolling Stone открива интересни детали за самото издание.

„Го префрливме нашиот перформанс во 3Д, а звукот е сараунд, нешто како 3Д. Тоа навистина звучи интересно. Вложивме многу труд во ова. Го трасформиравме нашиот архивски материјал од нашето студио во 3Д формат и сето тоа го аранжиравме и синхронизиравме со музика. Тоа е прилично многу работа“, рече Hütter.

Перформансите за кои зборува, се однесува на настапите во Лондон и во Сиднејската опера.