32.316 денари изнесува семејната кошница од август

За задоволување на основните потреби на едно четиричлено семејство во август биле потребни 32.316 денари. Од нив, за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денар, покажуваат податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија.

За храна во август се одвојувале 13.422 денари, за домување 10.450 денари, од кои 8.253 денари за комунални трошоци, а 2.197 денари за опрема за куќа и одржување.

Според синдикалната кошница, одржувањето на личната хигиена во август чинело 980 денари, а одржувањето на хигиената во домот 1.244 денари. За превоз, месечно граѓаните трошеле 2.340 денари, а за облека и обувки 2.129 денари.

Најмалку пари од семејниот буџет се одвојува за одржување на здравјето – 680 денари, како и за посета на културни манифестации, околу 1.070 денари.