[Видео] Македонско видео за „добредојде на Трамп“ инспирирано од европските пародии

На Фејсбук се појави видео објавено од корисникот „Данило Трамповски“, во кое се искажани причините зошто „Америка е прва, но Македонија заслужува да биде втора“.

Видеото во кое се вели дека е „порака од Владата на Република Македонија“, е инспирирано од пародичните видеа на европската мрежа за комедија. Холандија беше првата земја која „му посака добредојде“ на Трамп со видео, а по неа следеа Швајцарија, Данска, Литванија, Германија, Белгија, Португалија и Хрватска.

„Ние сме експерти во градење на бескорисни нешта и дефинитивно ќе можеме да најдеме начин како да го изградиме вашиот ѕид во САД. Нема подобар начин на перење пари и станување богат преку ноќ“, се вели во видеото подолу.

За разлика од претходните видеа на европските држави, македонското не е продуцирано од национална телевизија.