‪#‎Eclipse2017‬: НАСА ќе ја стрима денешната соларна еклипса

Денеска ќе се случи првата целосна соларна еклипса, која последен пат се случила во 1979 година. Помрачувањето на сонцето целосно ќе биде видливо на територијата на Соединетите американски држави, а НАСА ќе врши директен пренос во живо на својата ФБ страница.

Целосното помрачување на Сонцето се случува на секои 12 до 18 месеци. Повеќето од помрачувањата не се видливи за населението, бидејќи се случуваат над некој океан.