Панел дискусија за младински политики во општина Велес

Иницијативниот одбор на младинскиот совет во општина Велес одржа јавна панел дискусија со цел преку отворена дискусија да се запознаат учесниците за младинските политики и младинското организирање во градот.

Панел дискусија за младински политики во општина Велес

„Произлегоа и препораки до Советот на млади во општина Велес, како и за неговото работење. Исто така се дискутираше за Локалната младинска стратегија на општина Велес кој е јавно достапен документ, се прибираа предлози од присутните за истите да бидат доставени до општината и да влезат во препораки за Локалната младинска стратегија“, велат од советот.

„Се стремиме кон подигнување на младинското информирање и зголемување на младинското учество за прашањата за млади и донесувањето одлуки на општината поврзани со младите“, рече Александaр Стојковски, член на Советот на млади на општина Велес.

Панел дискусија за младински политики во општина Велес

На панел дискусијата се обратија Кристина Пеева и Филип Христовски, претставници на Иницијативниот одбор за креирање на локален младински совет во општина Велес и Александaр Стојковски, претставник од Младинскиот совет во општина Велес, а модератор беше Стефан Каракачанов На истата присуствуваа млади, средношколци и претставници на младински организации во општина Велес.

Дискусијата е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики”, финансиран од страна на Европска Унија (ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Една од 12-те општини во кој овој проект се спроведува е и општина Велес.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).